Home Вебкафе Откриени фосили од ајкули стари 330 милиони години

Откриени фосили од ајкули стари 330 милиони години

Иако Националниот парк во Кентаки, „Мамутска пештера“, е оддалечен од океанот, најновото научно истражувачко откритие со кое беа пронајдени фосили стари 330 милиони години упатува на тоа дека некогаш, во далечното минато, на ова место во минатото пливале ајкули.

Научниците идентификувале остатоци од 15 до 20 видови на ајкули во длабочините на „Мамутската пештера“ во Кентаки, САД. Меѓу фосилните остатоци е пронајдена и глава која на наоѓала во ѕидот од пештерата, со големина на глава на сегашната голема бела ајкула, потврдил палеонтологот Џон Пол Ходнет.

Ајкулите пливале во овој регион пред околу 330 милиони години во периодот позната како старо мисисипско геолошко време(втората половина од креда) кога најголемиот дел од североамериканското копно било под вода.

Кога изумреле, ајкулите останале во седиментот кој со времето формирал пештера и делот околу неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John-Paul Hodnett (@desertsabertooth) on

„Скоро да не постои никаков податок за забите на ајкулите од тоа место.Така да ова се целосно нови докази за животот и изгледот на ајкулите од тој временски период, истакнал Ходнет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…