Home Спорт Откриен идентитетот на убиецот на фудбалерот, по него е распишана потерница

Откриен идентитетот на убиецот на фудбалерот, по него е распишана потерница

Легендата на светскиот тенис Андре Агаси вели дека според него, Роџер Федерер не може да биде најдобриот играч на сите времиња бидејќи загубил премногу мечеви од Рафаел Надал.

Федерер е најтрофејниот тенисер на сите времиња, со 19 Грен слем титули, но има негативен скор во меѓусебните дуели не само со Рафаел Надал туку и со Новак Ѓоковиќ и дека поради тоа не може да биде најдобриот во историјата.

„Играч не може да биде сметан за најдобар на сите времиња доколку еден противник го победи толку пати. Но, тоа е само мое толкување. Лесно би можел да ја бранам тезата и дека Федерер е најдобар во историјата. Оваа дебата не е премногу рационална бидејќи се сведува на ‘што ако’. Тоа е само дебата“, изјави Агаси.

„Федерер е единствен. Во секој аспект, снага, прецизност, леснотија. Игра тенис различно од другите. А кога велам со леснотија, тоа секако не е лесно. Но, Федерер ви дава чувство на контрола, како да има решение за секој проблем. Не можеме да негираме дека Федерер засекогаш ќе го обележи овој спорт“, додаде Агаси.

Роџер Федерер против Надал има скор 15-23, а против Ѓоковиќ 22-23.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…