Home Актуелно Основен суд Скопје 1: Груевски е обврзан сам да се пријави на издржување затворска казна

Основен суд Скопје 1: Груевски е обврзан сам да се пријави на издржување затворска казна

Согласно законската процедура, Основен суд Скопје 1 апелира дека Никола Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на двегодишната затворска казна на која беше осуден во рамки на случајот ,,Тенк“, која беше потврдена и од скопска Апелација.

,,Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на Апелациониот суд – Скопје КОКЖ – 23/18 со која делумно се уважува жалбата на прво обвинетиот и во целост се одбива жалбата на второ обвинетиот во предметот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје со КОК 59/17, во јавноста познат како „Тенк“, ја информираме јавноста дека по приемот на предметот од Апелациониот суд истиот согласно АКМИС – електронскиот систем за процесуирање на предмети ќе биде распределен на судија за извршување санкции за понатамошно постапување.

Согласно Законските одредби судија за извршување санкции изготвува упатен акт кој го доставува до осудените лица во предметот и истите, по приемот, се должни доброволно да се јават на извршување на определната санкција“ се вели во соопштението на Основен суд Скопје 1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…