Home Спорт Осминафиналето обезбедено: Со Шпанија само тренинг пред Исланд!

Осминафиналето обезбедено: Со Шпанија само тренинг пред Исланд!

Благодарение на првите две победи на Мундијалот и синоќешното реми меѓу Словенија и Тунис, македонската репрезентација веќе обезбеди пласман во осминафиналето.

Вечерва следува дуелот против Шпанија во рамките на четвртото коло, а како што стојат работите, тој и не е толку важен за нашиот национален тим.

Тоа го потврди и крилото на нашата репрезентација, Дејан Манасков кој истакна дека мечот со Шпанија треба да биде тренинг пред дуелот со Исланд.

„Шпанија е огромен фаворит. Целта е ако можеме да успееме да добиеме еден од трите меча со европските репрезентации и да бидеме на третото место во групата. Шпанија е фаворит,а ние треба да се обидеме да одиграме меч без никаков притисок дека мора нешто да направиме. Да се надигруваме и едноставно да ни послужи како некаков тренинг, за тоа што не очекува во последното коло, против Исланд. Нема да биде воопшто лесно и против Исланд. Иако се без Палмарсон, имаат одличен тим“, вели Манасков.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…