Актуелно

Оружјето со кое беше извршено тројното убиство во Дебар наводно најдено на бензиска во Тетово

Постарата 28 годишна ќерка која живеела во Италија е осомничена дека ги убила нејзината мајка, татко и 14 годишна сестра, велат извори од истрагата за Канал 5.

Во јавноста се појавија информации дека таа по тројното убиството заминала во Италија, каде жиевела. За успешно да биде изреализиран крвавиот план ангажирала двајца помошници кои и обезбедиле превоз и пиштол. Откако телата на убиените биле откриени, таа по тажната вест што и ја јавиле роднините се вратила во родниот крај.

Од МВР велат дека покрај осомничената,приведени се уште две лица 31 годишниот Ф.Г. и 61 годишниот В.К.. На тројцата им е определена мерка притвор во траење од 48 часа.

Трагичниот настан се случи во три часот по полноќ на 26 август. Трикратниот убиец во спалната соба ги убил со пиштол мајката и таткото, а потоа и нивната 14 годишна ќерка.

Безживотните тела лежеле во локви крв цели 17 часа, а ги пронашле други блиски роднини , откако не се јавувале цел ден на телефон. Инаку семејството во Дебар било дојдено на одмор. Двете возрасни деца си заминале за Италија неколку дена пред трагичниот настан, каде работеле, додека несреќниот брачен пар летниот одмор го продолжил поради веселбата на блиски роднини.

Advertisements
To Top