Општина Центар не може ништо да направи против градењето висококатници кај „Холидеј Ин“ – тврди Богдановиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, посочи дека доколку нема правни механизми и опции, одобрението за градба за проектот кај хотелот „Холидеј Ин“ ќе мора да се издаде.

-Единствен начин да се спречи градењето е мораториумот, а ние од Општина Центар, по одлуката на Уставниот суд, повеќе немаме ингеренции. Ние како општина ќе ги бараме сите правни механизми. Ако се докаже нешто спорно евентуално, тогаш целосната постапка ќе мора да сопре. За жал, одлуката во ваква ситуација, односно одобрението за градба, ќе биде легално – истакна Богдановиќ на Телма.