Home Актуелно Опозицијата изваде транспаренти со „НЕ на ултиматумот“ за време на обраќањето на Урсула фон дер Лајен

Опозицијата изваде транспаренти со „НЕ на ултиматумот“ за време на обраќањето на Урсула фон дер Лајен

Пратениците од опозициските ВМРО ДПМНЕ и Левица за време на обраќањето на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во македонското Собрание го изразија својот протест од францускиот предлог со транспарентни на кои пишува „Не на ултимуатумот“.

Тие не се обидоа да го прекинат нејзиниот говор, туку само ги кренаа транспарентите покажувајќи несогласување со предлогот на француското претседателство со ЕУ, со кој би требало да отпочне процесот на преговори за членство во Унијата.

Пратеникот на Левица Димитар Апасиев во еден момент со доближи до говорницата поставувајќи го транспарентот пред шефицата на ЕК.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…