Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Хидрацијата на организмот пред тренинг е многу важна…
Ако сакате да успеете во вашaта цел, било дека сакате да се ослабите или зголемите мускулна маса, најмногу ќе ви значи хидрацијата на организмот. Сепак, тоа не значи дека треба да пиете било што што е течно, бидејќи не сите напитоци имаат исто влијание врз телото. Пред тренинг, најдобро е да пиете вода, но не премногу, и да избегнете различни напитоци и сокови кои можат негативно да влијаат на тренингот.
Погледнете што треба да избегнувате од пијалоци пред тренинг:
Алкохол
На прво место е се разбира алкохолот. Дури ни една чаша вино не е добра за вашиот тренинг, бидејќи алкохолот го дехидрира организмот и со тоа негативно влијае на тренингот. Нема да имате полна сила, а и веројатно да ќе добиете вртоглавица. Заменето го алкохолот, подобро пијајте чаша кафе која ќе ве разбуди и ќе ви даде енергија.
Спортски напитоци
Иако се наменети за спортисти и за обезбедување на енергија – тие имаат доволно шеќери кои се апсолутно непотребни. Брзиот скок на шеќер во крвта, а потоа и паѓањето не се добри за организмот, а вие само ќе се почувствувате изморено и гладно. Пред да тренирате, направете домашен сок од зеленчук и овошје – ќе забележите разлика одма на почетокот на тренингот. Повеќе енергија, а помалку внесен шеќер!
Газирани сокови
Газираните сокови генерално не се добри никого, било дека тренирате или не. Причината е што главно содржат многу шеќери и непотребни состојки кои само предизвикуваат надуеност, болки во стомакот и желудникот. Освен тоа, поради вишокот на натриум кој главно го содржат, може да станете дехидрирани. Наместо такви сокови, пијајте чаша, чај од билки.
Цедени сокови
Цедените сокови можеби изгледаат како добра идеја, но и покрај тоа не се бидејќи исто така содржат многу шеќер – конкретно мислиме на купени сокови. Тие содржат многу помал процент на овошје во споредба со шеќерот, така што не ви се исплаќа апсолутно да ги пиете таквите сокови. Одлична, здрава замена за таквите сокови може да биде лимонада или вода со овошје што сте ја направиле сами.
Напитоци со додаток на млеко
Најдобро е да ги пиете овие напитоци по тренинг, бидејќи млекото тешко се вари во организмот и може да ви предизвика тешкотии во стомакот за време на тренинг, а тоа никако не е добро. Затоа се препорачува да ги пиете овие напитоци по тренинг, за да го нахраните вашиот организам со потребните протеини, маснотии и јаглехидрати. Ако не ви се допаѓа млекото или ви е тешко да го замените, започнете со пиење на сурутка разредена со вода.