Home Актуелно Оливер Спасовски: Добиваме закани дека ќе бидеме заколени

Оливер Спасовски: Добиваме закани дека ќе бидеме заколени

Нема посериозен инцидент од влез на протестанти во институциите, изјави пратеникот Оливер Спасовски во вечершната емисија 360 степени на Алсат-М.

Околу две илјади до три илјади членови на СДСМ, според Спасовски биле пред партиското седиште, но им било посочено да не доаѓаат кон Собранието. Добивме закани дека ќе бидеме заколени и убиени, рече Спасовски во емисијата.

Потенцираше дека директорот на БЈБ Митко Чавков е на врвот на пирамидата на одговорноста. Спасовски изјави дека неколку пратеници претходно сами ги оставиле железните пречки на вратите, за демонстрантите полесно да влезат. На еден од нив му падна пиштолот, рече Спасовски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…