Home Актуелно Октомвриската нето плата со просек од…

Октомвриската нето плата со просек од…

Државниот завод за статистика излезе со најнови податоци поврзани со месечните примања на граѓаните во месец октомври, откривајќи ги просечните суми на платите за овој месец.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2017, изнесува 23.356 денари и е зголемена за четири проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена бруто-плата во октомври пак, е 34.266 денари и е зголемена за 3,8 проценти во однос на октомври лани.

Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (29,3 отсто), рударство и вадење на камен (10,5 отсто) и преработувачка индустрија (7,9 отсто). Во октомври, 1,6 отсто од вработените, не зеле плата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…