Home Вебкафе Околу него се тепаа „на мртво“, а тој „шприцер ладен“ си јаде ќебапи – снимка од над 21 милион прегледи

Околу него се тепаа „на мртво“, а тој „шприцер ладен“ си јаде ќебапи – снимка од над 21 милион прегледи

Веројатно снимката од тепачка која се случи во една ќебапчилница во Портсмут, Велика Британија, немаше да биде ништо посебно, ако во сета таа приказна не беше и еден „искулиран“ човек кој не само што не се мешал во тепачката, туку и целосно незаинтересиран за истата, си јадел додека другите околу него „си ги ваделе очите“.

Кавгата со муштерии довела до тепачка во која учествувал персоналот на Ken’s Kebab во Портсмут, па сепак 52-годишниот Крис Хил не дозволил тоа да му го расипе неговиот вечерен оброк. Крис, кој дошол да јаде нешто по неколкуте пива на пабот, рече дека се свртел и видел дека почнува тепачка.

„Размислував во еден момент да се преместам, но уживав во мојот ќебап и помфритот“, изјави тој за „Мејл онлајн“. „Иако помфритот не беше нешто особено“.

Неговата реакција веднаш стана хит на социјалните мрежи, а тој беше наречен легенда. „Овој човек е жива легенда“ или „овој човек мора да биде претседател на Земјата“, коментираа на Твитер каде повеќе од 21,7 милиони луѓе го гледале видеото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…