Home Актуелно Охрид не престанува да се тресе: Нов потрес со јачина од 3,7 степени по Рихтер

Охрид не престанува да се тресе: Нов потрес со јачина од 3,7 степени по Рихтер

Земјотресите во охридско не престануваат. Ноќеска во 3.54 минути регистриран е уште еден посилен потрес со јачина од 3.7 степени според Рихтер. Епицентарот бил на 6 километри источно од Охрид во Косел на длабочина од 6 километри.

Серија земјотреси во охридско беа регистрирани и вчера. Најсилниот се случи во 11.39 ч. со јачина од 4 степени според Рихтер.

Земјотресите кои повеќе од десет дена го тресат Охрид предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. Тие бараат стручни лица да излезат на терен и да ги испитаат причините за тресењето на тлото под Охрид, каде во овој период се регистрирани над 800 земјотреси, во најголем дел со слаб интензитет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…