Ограбена аптека во Скопје, крадецот ѝ се заканил на вработената со нож


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Разбојник украл 22.000 денари од аптека во Скопје, соопшти МВР.

Кражбата се случила вчера, околу 21.50 часот, во аптека на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Разбојникот ѝ се заканил на вработената со нож и украл од касата околу 22.000 денари, по што избегал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.