Официјално срушен априлскиот „црн рекорд“: 120 новозаразени од коронавирусот во еден ден


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Со регистрираните 120 новозаразени во изминатото деноноќие, урнат е и неславниот рекорд од 15 април годинава кога беа евидентирани 107 случаи. Разликата е во тоа што тогаш вирусот земаше голем замав во Куманово, па таму беа регистрирани и најголемиот број нови пациенти- 44.

Овојпат најголемиот број нови случаи се во Скопје- 67, а потоа следуваат Куманово со 19 новозаразени, Штип со 16, Тетово- 9, Прилеп- 4, Велес 2, и Гостивар, Неготино и Струмица со по еден случај.

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, но само два се во рамките на скринингот кој се прави во градинките, додека сите останати се дел од потрагата по сомнителни случаи во општините каде деновиве се јавија кластери на вирусот. Со тоа, вкупниот број на заразени со Ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјава достигна 2,611 лица, од кои 1,621 оздравеле, а починале 147. Во моментов активни се 843 случаи на лица заразени со коронавирус.

Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува – но тоа важи и без пандемија – дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги

Поради новиот бран на вирусот, владата вчера повторно ги усвои старо-новите превентивни мерки со кои за поголемиот дел од земјата од вечерва, четврток 4 јуни во 21 часот до понеделник во 5 часот наутро ќе важи полициски час.

Оваа мерка ќе важи за сите општини во Скопје, како и за општина Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино, Јегуновце и Карбинци.

За остатокот од државата ќе важи полициски час од 21 часот во четврток до 5 часот во петок, а во останатите два дена од 16 часот до 5 наутро, заклучно со понеделник.

Прогнозите се дека ќе имаме поинаква многу подобра слика за состојбата со Ковид-19 во земјава до крајот на оваа недела, но ова го кажувам повторно со резерва заради тоа што ќе правиме анализи секој ден. Мора да сфатиме дека сите сме одговорни пред ова, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Појасни дека очекувањата се врз основа на сите податоци кои сега ги имаат: бројот на заболени, времето кога се дијагностицирани и мерките кои освен рестрикцијата на терен се спроведуваат во детална анализа на контактите и следните контакти, и дека на крајот на оваа неделата ќе има резултати.

– Но, одлуките и препораките ги носиме врз основа на две работи – прво тие бројки кои секојдневно се анализираат и деталната анализа на епидемиолошките анкети од каде учиме кои се податоци што пациентите ги даваат за начинот на трансмисија, меѓутоа и пресеците во претходните две недели секоја последователно, рече Филипче.

Потенцира дека вирусот е тука, тој нема да исчезне, и мора да научиме да живееме со него.

– Новите проекции за одвивањето на епидемијата, епидемиолошката крива во светот се и до 2025 година со прогноза за пикови и во 2022 година, додаде Филипче одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата пред Секретаријатот за европски прашања по повод испораката на преостанатите осум уреди за механичка вентилација и различни единици на лична заштитна опрема од поддршката на ЕУ за земјава за борба против Ковид-19.