Официјално: Милан го „блиндираше“ Ромањоли до 2022 година!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот клуб Милан денес и официјално го потврди новиот договор на еден од најважните играчи на тимот, Алесио Ромањоли.

23-годишниот дефанзивец стави потпис на нов договор и се обврза на верност кон „росонерите“ до 2022 година.

Ромањоли пристигна пред три години во Милан за 25 милиони евра како еден од најголемите италијански таленти, а веќе се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

За него интерес покажаа многу европски гиганти, но Милан денес ја „блиндираше“ својата ѕвезда до 2022 година.

„Иако има само 23 години Алесио веќе е еден од најдобрите дефанзивци во светот. Му благодариме што верува во Милан и што не ги слушаше понудите од другите клубови. Се надеваме дека долги години ќе го носи дресот на Милан“, изјави директорот на „росонерите“ Марко Фасоне.

„Среќен сум што клубот верува во мене. Милан секогаш бил мојот прв избор и се надевам дека ќе имаме големи успеси во годините што претстојат“, изјави Ромањоли.