Пет карактеристики кои укажуваат дека сте заљубени во квалитетен маж…

онлајн казино

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овие пет знаци укажуваат дека покрај себе имате квалитетна личност:

Се чувствуваш сигурно кога си со него

Неквалитетните мажи обожуваат да го тресат тлото под нозете на жените и уживаат во тоа што знаат дека жените поради нив се тресат. Квалитетните мажи пак, со секој свој гест на жените и даваат чувство на сигурност.

Џентлмен е поради тоа што сака, не затоа што очекува нешто за возврат

Уште една работа која често се случува во главата на еден маж – логиката дека џентлменското однесување мора да има награда. Квалитетните мажи се џентлмени бидејќи тоа ним им е природно.

Те слуша

Можеби нема да го запамети секој детал за тебе, но квалитетниот маж ќе се потруди да знае повеќе работи кои ти се важни. Со слушањето покажува дека те почитува.

Добивате ист третман кога сте сами и кога сте со пријателите

Момците кои пред девојката се однесуваат на еден, а пред другарите на сосема друг начин не заслужуваат да заземат место во категоријата квалитетни мажи. Квалитетниот маж нема проблем со тоа пријателите да видат дека е заљубен.

Отворен е кога се во прашање чувствата

Квалитетниот маж не се плаши од ранливост и отворено покажува се што чувствува. Неквалитетните често сакаат да се сокријат и да глумат дека им е сеедно.