Официјално: Лина Ѓорческа ќе игра на Ролан Гарос!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот на УС Опен и Австралија Опен, ќе учествува во квалификациите на Ролан Гарос на крајот од овој месец на терените во Париз.

Ѓорческа која во моментов е на 180 место на ВТА листата, ќе игра во квалификациите со рангот од претходната недела кога беше на 182 места.

Вкупно 88 тенисерки според пласманот ќе играат во квалификациите, додека ќе има и неколку кои ќе настап со „вајлд карти“.

За пласман на главниот турнир потребно е да се остварат три победи односно да се минат три квалификациски кола.