Спорт

Какво предавство: Преговата за заминување, а Барса не знае за тоа

Според наводите на шпанскиот медиум „Don Balon“ еден од играчите на Барселона наводно веќе преговара за заминување од „Камп Ноу“, а тоа би можело да предизвика вистинска бура кога се во прашање трансферите ова лето.

Имено, како што наведува истиот извор, новиот тренер на Валенсија Марселињо веќе преговара со Денис Суарез. Овој тандем веќе работеше заедно во Виљареал минатата сезона и одилично се познаваат. Играчот за врска оваа сезона се врати на „Камп Ноу“ но не доби голема минутажа за да ги покаже своите квалитети.

Минатото лето Валенсија и Барселона договорија два трансфери (Пако Алкасер и Андре Гомеш) кои пристигнаа на „Камп Ноу“. Ова лето ситуацијата може да биде обратна бидејќи главна трансфер цел на „лијлаците“ е токму Денис Суарез.

Покрај тоа Валенсија ќе има опција ова лето да го откупи договорот на уште еден играч на Барса, Мунир за 12 милиони евра.

Advertisements
To Top