Официјално: Леброн и Душко Долгоушко ќе играат против вонземјани (ФОТО)

lebron

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како и што претходно беше најавено филмот „Space Jam“ ќе добие продолжение во кое Мајкл Џордан ќе биде заменет со денешната супер ѕвезда, Леброн Џејмс кој го потврди учеството во овој проект.

Така „кралот“ ќе мора да излезе на крај со монструмите за кои се шпекулира дека овој пат ќе бидат од Голден Стејт Вориорс, токму како што тоа го направи Џордан пред 22 години заедно со Душко Долгоушко.

Продуцентите објавија слика на која може да се види дека филмот ќе играат Душко Долгоушко и Леброн Џејмс, како и дека продуцент ќе биде Рајан Куглер, а режијата му припаѓа на Теренес Ненс.

Се уште не се познати многу детали за филмот, освен дека со снимање се започнува наредната година, а во киносалите се очекува да се појави во 2020 година.

Овој филм со сигурност ја радува нешто постарата генерација која во 1996 година уживаше во првиот дел.

https://www.instagram.com/p/Bn7ISMTBG9Q/?utm_source=ig_embed