Home Спорт Официјално: Јапонците го претставија Андрес Иниеста

Официјално: Јапонците го претставија Андрес Иниеста

Шпанскиот репрезентативец и легенда на Барселона, Андрес Иниеста денес и официјално беше претставен како нов играч на јапонскиот клуб Висел Кобе.

Клубот е во сопственост на Хироши Микитани, претседателот на групацијата Ракутен, еден од главните спонзори на каталонскиот тим.

Иниеста шанса да дебитира во новиот клуб ќе има на 2 јуни во натпревар против Јокохама Маринос каде настапува македонскиот репрезентативец Давид Бабунски.

„Среќни сме што нашите навивачи ќе можат да уживаат во мајсториите на Иниеста. Неговото доаѓање ќе го подигне нивото на фудбалот во Јаполнија и ќе направи многу за промоција на јапонската лига“, изјави претседателот на клубот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…