Home Спорт Официјално: Барса има нов дефанзивец од 36 милиони!

Официјално: Барса има нов дефанзивец од 36 милиони!

Актуелниот шпански шампион Барселона денес официјално го потврди трансферот на Клемен Ленгле кој доаѓа од Севиља.

Ленгле одигра фантастична сезона со Севиља, па Каталонците решија да ја активираат неговата откупна клаузула која изнесуваше 36 милиони евра.

Ленгле денес стави потпис на 5-годишен договор со Барселона и во него ќе има откупна клаузула од 300 милиони евра.

Французинот кој веќе има 10 настапи за „триколорите“ пристигна во Севиља минатото лето и веднаш се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивеци во Примера.

Инетрес за него покажаа неколку европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид, но Ленгле на крајот ја избра Барселона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…