Home Актуелно Одликување за Иванов од страна на рускиот партијарх г.г. Кирил

Одликување за Иванов од страна на рускиот партијарх г.г. Кирил

Претседателот Иванов ќе биде одликуван со наградата Неговата светост патријарх московски и на цела Русија Алексеј Втори која се доделува од страна на Меѓународната општествена фондација за единство на православните народи.

Наградата се доделува за извонредна дејност во зацврстување на единството на православните народи и за утврдување и промовирање на христијанските вредности во животот и општеството. Свечената церемонија предвидено е да се одржи на 27 мај, во храмот Христос Спасител во Москва.

Престижната меѓународна награда со која ќе се одликува претседателот Иванов претставува признание на неговите заложби во зајакнување на меѓу-православните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно јакнење на принципите на верска толеранција.

Меѓународната општествена фондација за единство на православните народи е формирана во 1995 година со благослов на патријархот московски и на цела Русија Алексеј Втори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…