Home Актуелно Со одлична забава на преполното Скопско кале започна Пиволенд 2017

Со одлична забава на преполното Скопско кале започна Пиволенд 2017

Пиволенд стартуваше одлично. Преполно Скопско Кале, многу странски гости, но и домашни посетители кои се забавуваа до доцна во ноќта.

Фестивалот го отворија „Бенд ОФ“ со рок свирка, а по нив настапија „Чил Плеј“ и диџеј Иноматик. Пејачката Нина Јанева и бендот 2 Егзит беа следни, а за крај со електронска музика посетителите ги разигра Дј Крис. Иако бевме скептични во поглед на посетеноста бидејќи е понеделник и прв работен ден во неделата, сепак Скопската тврдина беше исполнета до последно место.

Вечерва на Пиволенд први ќе настапат „Саут Парк“, а потоа од 20:45 е организирано групно гледање на натпреварот од УЕФА Супер Купот. По завршување на дуелот Реал Мадрид- Манчестер Јунајтед, ќе настапи македонското дуо „Шајн“, во кое членува најдобриот македонски гитарист Дамјан Пејчиновски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…