Home Актуелно Од следната недела започнува исплатата на депозитите од пропадната Еуростандард банка

Од следната недела започнува исплатата на депозитите од пропадната Еуростандард банка

Следната недела најавено е започнувањето на исплатата на депозитите во Еуростандар банка, на која и беше одземена дозволата за работа, информираат од Фондот за осигурување на депозити за Телма.

Од таму велат дека очекуваат наскоро стечајниот управник да го достави списокот на физичките и правните лица депоненти.

Исплатата ќе се врши преку четири банки, а максималниот износ, колку што е пропишан, може да биде само до 30.000 евра, додека оние кои имаат над 30.000 евра во пропаднатата банка, депозитите ќе ги чекаат од стечајната маса.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…