Home Актуелно Од септември поголеми плати за вработените во основното и средното образование

Од септември поголеми плати за вработените во основното и средното образование

Владата на денешната редовна седница донесе одлука за зголемување на платите на вработените во основно и во средно образование за 5%, почнувајќи од исплатата на септемвриската плата годинава, јавува Макфакс.

За покачувањето на платите во основно образование, за четвртиот квартал од 2018 година, Министерството за образование и наука ќе издвои 99 милиони денари, додека за покачувањето на платите во средно образование, вкупно 40 милиони денари.

За реализација на предвиденото покачување на платите Министерството за образование и наука ќе потпише спогодби со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија. Со Спогодбите се утврдуваат најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во основните училишта која ќе изнесува 12.714 денари и најниската плата за најнискиот степен на сложеност на вработените во средните училишта која ќе изнесува 13.117 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…