Home Спорт Надал рутински, Мареј елиминиран од УС Опен

Надал рутински, Мареј елиминиран од УС Опен

Шпанскиот тенисер Надал се пласираше во третиот круг на УС опен и тоа по победата над Канаѓанецот Васек Поспишил со 3-0 во сетови. Настапот заврши за Енди Мареј кој загуби од Вердаско.

Мареј се уште не успева да се врати на високо ниво по паузите поради повреда, па доживеа елиминација во второто коло од Вердаско.

За разлика од Мареј, Надал немаше никакви проблеми со Поспишил. Бранителот на титулата од минатата година првиот сет го доби со 6-3, за подоцна да слави со 6-4 и 6-2.

Освен него, понатаму помина Дел Потро, Кевин Андерсон, Душан Лајовиќ како и Денис Шаповалов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…