Home Актуелно Од полноќ нови, значително пониски цени на горивата

Од полноќ нови, значително пониски цени на горивата

Како последица на драстичниот пад на цената на нафтата, најголем во историјата досега, се намалува и малопродажната цена на црното злато, како во светот, така и кај нас.

Според тековните движења регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука за намалување на нафтените деривати.

Со новото намалување цената на горивата во просек се намалува за 4,5 денари за литар, а ваквиот пад доаѓа по падот на светските берзи од 9,18 отсто про тргување со нафта.

Според новиот ценовник, кој стапува во сила од полноќ, бензинот Супер-95 поевтинува за 5,00 денари и ќе се продава по цена од 49,50 денари. Супер-98 поевтинува за 4,50 денари и ќе се продава по цена од 52,00 денари, а Дизелот, ќе биде поевтин за 3,00 денари и ќе се точи за 45,50 денари по литар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…