Од полноќ нови, пониски цени на горивата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која е донесена денес, од ноќеска на полноќ на сила стапуваат новите цени на горивата.

Бензините поевтинуваат за половина денар, а со исто толкаво поевтинување се коригираат и цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинства.

Новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 68 денари за литар, 70 денари ќе чини литар Еуросупер БС-98, 62,5 денари на Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

Цената на мазутот M-1 HC се зголемува за 0,305 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 38,548 денари.

Намалувањето на цената на нафтените деривати во просек изнесува 0,48 проценти. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена врз основа на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.