Home Живот и здравје Од овој четврток во Велика Британија почнува тестирањето врз луѓе на вакцина против Ковид-19

Од овој четврток во Велика Британија почнува тестирањето врз луѓе на вакцина против Ковид-19

Од утре, четврток, 23 април, Велика Британија го започнува тестирањето на вакцината против вирусот Ковид -19 на луѓе, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Тој додал дека вакцината ја развиле научници од Универзитетот Оксфорд , и дека таа има 80 проценти шанси за успех.

За ова истражување ќе бидат издвоени 20 милиони фунти , изјави британскиот министер Хенкок, пренесе Скај Њуз.

Тим од Институтот Џенер на Оксфорд започнува со производство на вакцината пред тестирањето да биде завршено за да се обезбеди доза од 1 милион вакцини до септември.

Хенкок истакнал дека развивањето на вакцината „е несигурна наука“ , но дека два тима постигнале „брз напредок“ и дека тимовите целосно ќе бидат подржани од Владата.

-Во исто време ќе вложиме во производството , така да ако било која од овие вакцини делува , таа ќе им биде достапна на Британците што побрзо, изјавил Хенкок, но предупредил дека во овој процес ништо не е сигурно.

Вакцината наречена „ ChAdOx1 nCoV-19″ е направена од безопасен вирус од шимпанзо кој генетски е конструиран да носи дел од корона вирусот . Оваа техника веќе покажала да создава силни имунолошки одговори кај другите болести.

Договор за производство на вакцината веќе е постигнат со три производители во Велика Британија и уште неколку во другите земји.

Професорката Сара Гилберт од Универзитетот Оксфорд изјавила дека се надева дека до 500 лица ќе бидат дел од тестирањето до средината на мај и дека самото истражување ќе биде целосно контролирано.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Корисни совети при избор на раса на куче

Корисни совети при избор на раса на куче Посвојувањето кучиња е навистина благороден чин. …