Од оваа среда, 27. мај, исплата на мајските пензии


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Министерството за труд и социјална политика ја информираа јавноста дека од среда, 27. мај, почнува исплатата на мајските пензии.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од среда и истите можат да ги подигнат на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.