Двајца фризери со корнавирус заразиле и загрозиле вкупно над 140 клиенти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двајца фризери во Мисури оделе на работа во фризерскиот салон во кој работеле заедно, иако биле заразани со коронавирус, со што потенцијално го загрозиле здравјето на над 140 нивни клиенти.

Во петокот прво било откриено дека стилист во салонот „ Great Clips“ во Мисури , иако болен од коронавирус,изложил на инфекција 84 свои клиенти и седум соработници.

Ден потоа, е откриено дека друг стилист, од истиот салон, исто така е позитивен на вирусот. Тој стилист бил во контакт со 56 лица на работното место.

Обајцата се вратиле на работа во текот на втората недела од мај и работеле осум дена, иако имале симптоми на коронавирус. Салоните во американската држава Мисури се отвориле на 4 мај, а сите клиенти и работници мораат да носат заштитни маски.

Одделот за здравство во округот Спрингфилд-Грин соопшти дека работниците во салонот „ Great Clips “ ги почитувале сите мерки и редовно го чистеле објектот и дека, благодарение на списокот на контакти, можеле да ги известат сите лица кои биле во контакт со болните фризери, јави Си-Ен-Ен. Тие се надеваат дека нема да има „дополнителни случаи на инфекција“ затоа што сите работници и клиенти носеле заштитна маска во салонот. Додадоа дека секој што бил изложен на потенцијална инфекција ќе биде контактиран и ќе му биде понудено тестирање на вирусот.

„Благосостојбата на клиентите и стилистите на Great Clips е наш приоритет. Го затворивме салонот каде што работеа болните фризери и во моментов спроведуваме длабоко чистење и дезинфекција на објектот “, се наведува во соопштението на сопственикот на фризерскиот салон.

Што се однесува до болните стилисти, нема дополнителни информации за нивната здравствена состојба дури и кога биле тестирани.

Според универзитетот „Џон Хопкинс“, до вчера имало околу 1,6 милиони заразени и повеќе од 97.000 смртни случаи од „Ковид-19“ во САД.