Од ноќеска поевтинуваат горивата – еве ги новите цени

горива

Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Понеделник, стандардно, носи корекција или востановување на веќе постоечката цена на горивата со одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари, согласно со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, што ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65,50 денари, а 67,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар дизел ќе се продава за 57,50 денари, е екстра лесното масло за домаќинство по 46 денари за литар.

За 2,028 денари по килограм се намалува цената на маузтот М-1 НЦ и килограм од тој енергенс ќе чини 32,894 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 2,41 процент.

РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на цената нанафтените деривати на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.