Home Актуелно Од ноќеска поевтинуваат горивата

Од ноќеска поевтинуваат горивата

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ на сила ќе стапат новите, пониски цени на горивата.

Тоа значи дека во следниот седумдневен период ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 57 денари за литар, ЕУРОСУПЕР 98 по цена од 59 денари за литар, а новата цена на дизелот ќе биде 49 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство останува иста, додека цената на мазутот се намалува за 0,167 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 23,260 ден/кг.

Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 0,69 проценти, што се должи на падот на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…