Актуелно

Од ноќеска нови, повисоки цени на горивата

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ на сила стапуваат нови, зголемени малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе бидат покачени во прoсек за 1,53 % во однос на досегашните малопродажни цени, односно зголемување од 0,5 до 1 денар.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 53,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,585 ден/кг.

To Top