Актуелно

Од ноќеска на полноќ стапија на сила новите, повисоки цени на горивата

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се поголеми за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,552 денар/килограм и сега изнесува 38,395 ден/кг.

Од денеска максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,395 (денари/килограм)

To Top