Home Актуелно Од ноќеска на полноќ поевтинува дизелот

Од ноќеска на полноќ поевтинува дизелот

Од вечерва на полноќ за 1,5 денари се намалува цената на дизелот, а за денар на Екстра лесното масло за домаќинства, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на дизелот ќе биде 66,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 66 денари. Еуросупер БС-95 ќе се продава по иста цена од 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,607 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,245 ден/кг.

Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светските берзи во изминатиот седумдневен период.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…