Home Спорт Од „Камп Ноу“ порачаа: Ти кажавме, Нејмар!

Од „Камп Ноу“ порачаа: Ти кажавме, Нејмар!

Точно пред една година Барселона го направи еден од најголемите пресврти во историјата и го елиминира ПСЖ, откако во првиот меч загуби со 4:0.

Главен протагонист на мечот одигран на 8-ми март 2017 година беше Нејмар, кој сега е на другата страна и во вторниот ја гледаше елиминацијата на својот тим во осминафиналето.

Откако пристигна во Европа Нејмар постојано играше во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Поради тоа еден еминентниот спортски медиум „Марка“ денес публикуваше наслов „Ти кажавме, Неј“.

Изданието алудираше на луѓето од Барселона и неговите поранешни соиграчи кои го премислуваа Бразилецот да не заминува во Париз, а сега слободно можат да му речат: „Ти кажавме, Неј“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…