Од „Големата експлозија“ до човекот: 13,8 милијарди години во едно неверојатно видео


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џон Босвел направи десетминутно „тајмлапс“ видео во кое успеа да ги собере 13,8 милијарди години (според долгата скала, еквивалентни на 13,8 трилиони години од кратката скала) кои се поминати од почетокот на настанувањето на вселената со „Големата експлозија“ до настанувањето на човекот.

Секоја секунда во видеото претставува 22 милиони години, а човекот се појавува дури во последната секунда од истото. Наратори во видеото се Морган Фримен, Брајан Кокс, Карл Саган и Дејвид Атенборо, а авторот во описот на снимката објаснува дека со ова сака да покаже колку во суштина е стара вселената и колку се ситни луѓето во сета таа приказна.

За изработка на ова видео, Босвел користеше податоци и снимки од НАСА, Voyage of Time, Cosmic Voyage, Wonders of the Universe и многу други извори.