Готово: Гризман ги одби сите понуди, се сели на „Камп Ноу“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Француските медиуми пренесуваат дека Антоан Гризман категорично одбил да го продолжи неговиот договор со Атлетико Мадрид, бидејќи има преддоговор со Барселона.

Гризман ја одбил и последната понуда на Атлетико за продолжување на договорот со значително зголемување на платата. Притоа, 26-годишниот Французин ги одбил и понудите на Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Барселона ќе ги обезбеди услугите на Гризман за сума од 100 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузла.

Атлетико Мадрид се обиде во последните неколку недели да разговара со Гризман и неговиот агент за обновување на договорот, но играчот категорично ги одбил сите понуди.

Гризман моментално игра во фантастична форма и има постигнато 13 гола на последните 13 натпревари.