Home Актуелно Од април нема плаќање паушал за граѓаните кои се исклучени од парно системот

Од април нема плаќање паушал за граѓаните кои се исклучени од парно системот

Со новите правила и тарифи за снабдување со топлинска енергија кои Регулаторната комисија ќе ги усвои до крајот на месецов, од идниот месец граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење нема да плаќаат паушални трошоци.

Од Граѓанското здружение „Но пасаран” велат дека ќе се борат за да најдат начин како да се обесштетат граѓаните кои имале извршителни дејства за паушалот.

Според новите правила, за да се исклучат од системот за парно греење, корисниците освен што ќе треба да обезбедат согласност од 50% плус еден од станарите во зградата, ќе треба да изготват елаборат што ќе докаже дека новиот начин на греење што ќе го користат во иднина ќе биде енергетски поефикасен.

Дополнително, Регулаторна забранува ранливите категории потрошувачи да бидат исклучени од системот за парно греење во зимските месеци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…