Home Актуелно Од 21 мај се пушта директен авионски лет меѓу Скопје и Москва

Од 21 мај се пушта директен авионски лет меѓу Скопје и Москва

Авиокомпанијата „Нордвинд ерлајнс“ од 21 мај ќе почне со директни летови на новата меѓународна релација Москва – Скопје. Летовите ќе се вршат неделно, во петок, а времето на патување ќе биде 3 часа 25 минути, соопшти денеска Амбасадата на Русија во Македонија.

Цената на авионската карта од Москва до Скопје е 106 евра, a обратно од Скопје до главниот град на Русија е 125 евра. Летовите од Москва ќе бидат во петок во 14,45 часот, а пристигнување во Скопје во 17,10 часот. Полетувањето од Скопје ќе биде секој петок од 18,10 часот, а пристигнувањето во 22,35.

Оваа руската авиокомпанија во регионот веќе лета и до Белград, Загреб и Дубровник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…