Home Актуелно Од 1. февруари во Австрија задолжителни три дози од вакцината против Ковид-19 – казните се високи

Од 1. февруари во Австрија задолжителни три дози од вакцината против Ковид-19 – казните се високи

Од 1. февруари во Австрија се воведува задолжителна вакцинација, а сега протече предлог законот со кој се регулира се`.

Според весникот Heute, кој го добил нацртот на новиот закон, луѓето кои ќе одбијат да се вакцинираат и по официјалната покана на министерот за здравство Волфганг Мукштајн, ќе бидат казнети со значителни парични казни.

Казната за оние кои нема да се вакцинираат и покрај обврската, е до 600 евра, но казни ќе се издаваат на секои три месеци.

Сите постари од 14 години мора да бидат вакцинирани, освен неколку категории. Станува збор за трудници, лица кои имале омикрон во последните шест месеци и лица со здравствени проблеми кои не треба да се вакцинираат. Тоа мора да го докажат со потврда.

Мајките, тинејџерите и прележаните имаат рок до крајот на еден месец по раѓањето на детето, 14-тиот роденден кај младите или 180 дена по болеста да ја примат првата доза од вакцината.

Законодавецот пропишува дека трите дози вакцина се задолжителни. Обврската за примање на првата доза започнува од 1 февруари. Втората вакцинација треба да се направи најрано 14 и најдоцна 42 дена по првата вакцинација, а третата вакцинација не порано од 120 и најдоцна 270 дена по втората доза.

Признати вакцини се Pfizer BioNTech, Moderna, AstraZeneca и Johnson & Johnson.

Сите оние над 14 години кои живеат во Австрија, а кои досега не биле вакцинирани ќе добијат писмо од министерот на 15 февруари и потоа на секои три месеци. Во писмото ќе се повикаат да го надополнат заостанатиот долг до следниот рок за вакцинација.

Првиот рок за вакцинација по кој започнуваат казните е 15 март.

Оние кои нема да платат казна до 600 евра ризикуваат иста казна на секои три месеци, па може да очекуваат и до 2.400 евра казни за една година, пишува Heute.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Британија воведува револуција во лекувањето на рак: Инјекција што трае 5 минути го менува сè што знаевме за терапијата

Во британскиот здравствен систем НХС е направен огромен чекор напред кој може целосно да г…