Home Актуелно Очевидци тврдат дека пожарот кај Старо Нагоричане ја зеде првата човечка жртва

Очевидци тврдат дека пожарот кај Старо Нагоричане ја зеде првата човечка жртва

Во изјава за 24.мк, очевидци сведочат дека во пожарот изгорела жена, но полицијата не потврдува додека не го најде телото. Тие немаат пристап немаат до куќата поради пожарот кој што сè уште беснее.

Големиот пожар во Старо Нагоричане ја зеде првата жртва. Жена изгоре во куќата што ја зафатил пожарот. Обидувајќи се да се засолни од оганот, таа се заклучила во куќата и не успеала да се извлече пред пламените јазици.

„Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња.“ – изјави Стојан кој живеел со Стојанка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…