Home Спорт Требаше да биде новиот Роналдо, а го прогласија за „Златна канта“

Требаше да биде новиот Роналдо, а го прогласија за „Златна канта“

Бразилскиот фудбалер Габриел Барбоса, попознат како Габигол, е прогласен за најлош играч минатата сезона во Серија А.

Интер, го донесе Габигол во своите редови во август 2016 година кога му плати на Сантос 30 милиони евра, па од него се очекуваше да биде огромно засилување за „нероаѕурите“.

Бразилецот не пружи тоа што од него очекуваа во Интер, одигра само 111 минути во Серија А и постигна еден гол. Поради тоа го доби трофејот „Златна канта“.

Поради лошата сезона што ја имаше, Интер реши да го позајми во Бенфика, но и во Лисабон повеќе е на трибините отколку што игра. Во досегашниот дел од сезоната има одиграно само 164 минути.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…