Home Актуелно Обврските на Иванов го спречуваат да се сретне со Хојт Ји

Обврските на Иванов го спречуваат да се сретне со Хојт Ји

Претседателот Ѓорѓе Иванов нема да оствари средба со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји, кој во понеделник на 1 мај ќе ја посети Македонија, потврдуваат од неговиот кабинет за Радио Слободна Европа.

До Кабинетот на Претседателот на Република Македонија беше упатено барање за средба со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, но со оглед на претходно утврдените обврски на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, нема можност за реализација на таква средба, велат од неговиот кабинет.

Хојт Ји е предвидено да одржи средби со политичките претставници во Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…