Славни

Обожавател од Ријана бараше љубовен совет во приватна порака, таа му прати најдобар одговор

Еден обожавател на поп принцезата Ријана испратил приватна порака до омилената пејачка барајќи љубовен совет. Поп ѕвездата му одговорила на прилично оригинален начин, а сето тоа како приказна стана интернет хит.

„Еј, Ријана. Како го преболе скршеното срце? Се борам…“, напишал дечкото.

„Само верувај дека скршеното срце е дар сам по себе. Плачи ако мораш, но нема да трае вечно! Повторно ќе пронајдеш љубов и ќе ти биде уште поубаво! Во меѓувреме уживај во сето тоа што ТИ си“, му пишала Ријана.

Ова не е прв пат Ријана да сподели лични совети со обожавател кој има приватни проблеми. Во една прилика во приватна порака го советувала некој фан јавно да изјави дека е хомосексуалец, пренесува BuzzFeed.

„Драги, во ред е да си исплашен, но најважно е да бидеш тоа што си. Всушност, немаш избор бидејќи не станува збор за одлука која можеш да ја донесеш. Тоа си што си и колку и да се чини тешко, најдобра работа е слободата и мирот во себе. Твоето семејство можеби нема да те разбере, но за среќа живееш во генерација која ќе има разбирање. А да не спомнувам дека оваа наша заедница секогаш ќе те поддржува“, му одговори Ријана, мислејќи на својата војска фанови.

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

To Top