Home Актуелно Облачно со врнежи од дожд

Облачно со врнежи од дожд

Претежно облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 л/м2.

Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во ноќните часови кон четврток поради спуштање на студен воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 11 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 8 до 20 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 9 и дневна до 17 степени.

Во четврток ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен, а во петок од северозападен правец. Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот на места ќе се спуштат под нулата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…