Home Актуелно Облачна среда со сончеви периоди

Облачна среда со сончеви периоди

Оваа последна среда во месец април во Македонија носи променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 14 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 22 степени. Маврово 14, Охрид, Крива Паланка и Берово 19, Битола 21, Кавадарци 24, Дојран 23.

Во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…