Home Актуелно Облачен вторник

Облачен вторник

Денешниот февруарски ден во Македонија носи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени. Маврово 6, Охрид 11, Битола 14, Крива Паланка 13, Берово 12, Кавадарци и Дојран 16.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Значителна промена се очекува од петок, кога ќе дува засилен северозападен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Поради продор на многу студена и влажна воздушна маса, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…