Home Актуелно Облачен понеделник со повремен дожд

Облачен понеделник со повремен дожд

Во Македонија овој последен јануарски понеделник носи облачно време во претпладневните часови, со повремен дожд, а на повисоките планини од снег.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопјеи Битола 9 Целзиусови степени, Маврово и Охрид 7, Крива Паланка 6, Берово 4, Кавадарци 10, Дојран 11.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од снег, претежно на повисоките планини. Ќе дува слаб северозападен ветер. Дневните температури ќе достигнат во Скопје 8, Маврово 3, Охрид 10, Крива Паланка 5, Бирола 9, Кавадарци 8, Берово 4, Дојран 9.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…